Легендарниот голман Икер Касилјас помина низ многу турбулентен период во изминатите две години. Прво, поради срцевиот удар мораше да ја заврши големата кариера, а потоа се разведе и од сопругата Сара Карбонеро.

Икер мина низ тешка фаза на опоравување по срцевиот удар што го доживеа на тренинзите на Порто и поради кој мораше да ја заврши професионалната кариера во летото 2020 година. Потоа следеше нов шок во март минатата година. По 11 години се разведе од сопругата Сара Карбонеро и сето тоа дополнително го погоди Икер кој призна дека се обидувал да се преправа дека сè е во ред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iker Casillas (@ikercasillas)

Не спијам редовно. Сакам да изгледам како да сум добро, но веќе не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но повеќе не можам да сонувам, признал тој за шпанските медиуми.

Касиљас е апсолутна легенда меѓу стативите. Пред Порто, со години беше незаменлив член на Реал Мадрид, со кој освои сè што можеше да се освои во фудбалот.

Славниот голман го бранеше голот на Реал на 725 натпревари, а на голот на Шпанија има 167 настапи и е втор на листата на шпански играчи по бројот на настапи зад Серхио Рамос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.