Бразилскиот фудбалер Касемиро не можеше да ги задржи солзите за време на прошталната церемонија со која и официјално го заврши престојот во Реал Мадрид по договорениот трансфер во Манчестер јунајтед.
Триесетгодишниот Бразилец заплака додека се присетуваше на неговите настапи во клубот.
Тука поминав неверојатни моменти. Заминувам со спомени од последниот трофеј во Лигата на шампионите што го освоивме. Со Модриќ и Крос неизмерно уживав во фудбалот. Сакам да појаснам дека еден ден ќе се вратам да им возвратам на љубовта на навивачите, да продолжам да му помагам на овој клуб. И она што го научив овде ми даде сила да продолжам да играм во голем клуб како Манчестер јунајтед.
Ти благодарам претседателе, со тебе напред, овој клуб ќе има светла иднина и ќе продолжи да победува. Хала Мадрид! – изјави Касемиро.
Манчестер јунајтед го откупи договорот на Касемиро за сума што изнесува околу 70 милиони евра, плус потенцијални 15 милиони евра во бонуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.