Напаѓачот Роберт Левандовски постигна два гола во победата над Црвена звезда во Лигата на шампионите (5:2) за да се израмни со соиграчот Рафиња, Хари Кејн од Баерн Минхен и Виктор Ѓекереш од Спортинг Лисабон како најдобри стрелци во натпреварувањето со пет гола.
Откако го постигна својот 19-ти гол во 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, Левандовски (36) изјави дека е воодушевен од агресивниот пристап на Флик.
-Имаме цел од почетокот на сезоната – мораме да играме многу напаѓачки фудбал, но без да изгубиме од вид колку добро игра нашата одбранбена линија. Сѐ функционира речиси перфектно. Мораме да видиме што можеме подобро, се разбира, но се чувствувам многу добро, тимот е среќен, изјави Левандовски по дуелот во Белград.
Истакна дека во овој нов формат на Лигата на шампионите, победата на гостувањата е многу важна.
-Во првото полувреме игравме малку бавно, но во второто имавме многу шанси. Понекогаш кога тимот игра многу дефанзивно како Звезда, ни треба малку трпение. Секогаш барам слободен простор за да ја допрам топката и да постигнеме гол. Како тим, одигравме многу добро, затоа сум среќен, заклучи Левандовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.