Францускиот напаѓач Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе го носи дресот со бројот 9, објави денеск добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.
Мбапе вчера потпиша петгодишен договор со Реал, откако последните седум години ги мина во ПСЖ носејќи го во францускиот клуб дресот со бројот 10.
Според Романо, шпанскиот клуб и Мбапе го почитуваат Лука Модриќ, кој останува во Мадрид уште една сезона, и ќе почекаат хрватскиот фудбалер да се пензионира или да замине од клубот, пред Французинот да ја преземе неговата „десетка“.
Своевремено, и Кристијано Роналдо чекаше легендата на Реал, Раул, да замине во пензија за Португалецот да може да го облече дресот со бројот 7.
„Деветката“ која Мбапе ќе ја носи во својата прва сезона во дресот на Реал е слободна по заминувањето на неговиот сонародник Карим Бензема
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.