Нејмар е фудбалски велемајстор на теренот но и надвор од него.Соседите во Париз но и во Бразил се жалат на неговиот раскалашен живот и забавите кои ги приредува.

За празниците во 2020 година пет дена се забавувал со 500 луѓе во својата куќа во Рио де Жанеиро, а откако игра за ПСЖ купи куќа во елитното градско подрачје Бугивал, 15 километри од Париз, каде што живеат богатите. И одвреме-навреме некој се жали на бучни и луди забави. Кога не е на тренинг или натпревар, Нејмар е на забава.

Тој е непочитувана личност, понекогаш едноставно претерува. На една забава имаше шатори и оркестар-се жалат соседите.

Нејмар е секогаш особено креативен кога треба да добие дозвола од клубот и да оди на забава. Ова е особено видливо кога станува збор за роденденот на неговата сестра Рафаела кој се паѓа на 11 март. Без разлика дали се работи за повреди или суспензии, Нејмар секогаш добро се снаоѓа и заминува на роденденот на сестрата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.