Актуелниот англиски шампион Манчестер сити денес го претстави своето големо засилување, Ерлинг Халанд.
Дваесет и едногодишниот норвешки фудбалер ќе му се приклучи на клубот на 1 јули откако потпиша петгодишен договор.
Неговиот договор е до летото 2027 година.
Отсекогаш сум го гледал Сити, ми се допадна во последните сезони. Невозможно е да не се восхитуваме на нивниот стил на игра. Играат интересно, создаваат многу шанси, што е совршено за играч како мене, изјави Холанд за клупскиот сајт на „граѓаните“.
Халанд од јануари 2020 година беше дел од Борусија Дортмунд. За две и пол сезони во бундеслигашот, постигна 86 гола на 89 натпревари и креира 23 асистенции.
HE’S HERE! 💙 pic.twitter.com/JuZEtzTWbv
— Manchester City (@ManCity) June 13, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.