По комплетираниот трансфер на Нико Гонзалес од Фиорентина, Јувентус има договор и со Порто, за позајмица на Франсиско Консеисао.
Овој фудбалер реши да го напушти португалскиот клуб по промените кои се случија во раководството и во стручниот штаб, а од сите понуди, ја избра понудата на тимот од Торино.
Како што е најавено, Консеисао првата сезона ќе ја игра како позајмен играч, Јувентус за истото ќе плати 7 милиони евра, но ќе нема обврска да го откупи неговиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.