Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги искажа впечатоците по синоќешниот пораз од Интер (0:1) во натпреварот од 23. коло на италијанското фудбалско првенство.
– Знаевме дека натпреварот ќе биде тежок. Сами си постигнавме гол, потоа Влаховиќ пропушти голема шанса. По паузата играта малку се отвори, но Интер е многу опасен во транзиција. На почетокот на сезоната никој не очекуваше Јувентус да биде толку високо на табелата. Разочарани сме од поразот, но сме задоволни од нашата позиција на табелата. Секогаш сум велел дека Интер е фаворит во борбата за Скудетото и останувам на ова мислење. Меѓутоа, ако победиме на неколку натпревари и останеме блиску, тогаш се е можно. Милан е исто така во трката, а изненадувањата се секогаш можни, изјави Алегри за „Football Italia“.
Јувентус е втор на табелата во Серија А со 53 бода од 23 натпревари. Интер води со 57 бода од 22 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.