Напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза може да го напушти клубот од Торино, пренесува „Calciomercato“.

„Старата дама“ е подготвена да го продаде 26-годишниот Италијанец за да добие средства за трансферот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо.

Јувентус сега разговара под кои услови 24-годишниот Англичанец може да потпише договор.

Минатата сезона Киеза одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна 10 гола и две асистенции.

Киеза играше за италијанската репрезентација на Евро 2024, без да постигне гол на четири натпревари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.