Шампионот од 2023 година, репрезентацијата на Италија стигна до финалето на Дејвис купот, неофицијално светско првенство во екипен тенис за мажи што се одржува во Малага, Шпанија.

Лидерот во светскиот поредок Јаник Синер победи со 6:3, 6:4 против Алекс де Минор, а „азурите“ запишаа успех со 2:0 во полуфиналната пресметка против Австралија.

Во финалето на Дејвис купот во недела, двократниот шампион Италија ќе се соочи со Холандија.

„Портокаловите“ првпат во историјата ќе играат за титулата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.