Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше за својата иднина во клубот од Милано.
– Останувам 100 проценти. Никогаш не се чувствував загрозен на тренерското место, имам договор, го цитира Инзаги новинарот Алфредо Педула.
Четириесет и седумгодишниот Инзаги стана тренер на Интер во 2021 година. Актуелниот договор на италијанскиот фудбалски стручњак истекува на крајот од сезоната 2023/24.
Под водство на Инзаги, Интер ги освои Купот и Суперкупот на Италија, а ќе игра финале во Лигата на шампионите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.