Лидерот во Серија А, Интер, објави денеска дека на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони против мадридски Атлетико ќе мора да настапи без својот бразилски дефанзивец Карлос Аугусто и австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ, поради повреди.
Обајцата се здобија со мускулни повреди и Аугусто би можел да се врати во тимот за првиот следен првенствен натпревар на домашен терен, додека австрискиот репрезентативец, најверојатно, го очекува едномесечна пауза.
Интер на реваншот во Мадрид в среда ќе брани предност од 1-0 која на дуелот во Милано на италијанскиот тим му ја донесе Арнаутовиќ.
Милански Интер е во серија од 13. победи во сите натпреварувања и е лидер во италијанското првенство со 16 бодови повеќе од градскиот ривал Милан на второто место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.