Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, најави дека италијанскиот клуб на крајот на сезоната нема да го откупи договорот на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, јави денеска „Скај Италија“.

„Без оглед на неговиот ефект, Лукаку на 30 јуни ќе се врати во Челзи, како што е предвидено со договорот тој да ни биде позајмен само за една сезона“, изјави Марота.

Лукаку во 2021 година ја освои шампионската титула со Интер, по што премина во Челзи во трансфер вреден 113 милиони евра. Белгиецот имаше бледа сезона во лондонскиот клуб, по што Челзи одлучи да му го позајми на Интер.

Лукаку досега оваа сезона одигра 18 натпревари за клубот од Милано и постигна 15 голови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.