Инсајдерот Џанлука Ди Марцио, верува дека Ромелу Лукаку најверојатно нема да се врати во Челзи. Напаѓачот е позајмен од Интер до крајот на сезоната, без опција за откуп.
– По се што кажа, се што направи за да покаже љубов кон Интер, мислам дека ќе биде тешко. Како може повторно да оди во Челзи, како може повторно да игра во тој дрес? Тој направи се за да се врати во Интер.
Мислам дека клубовите ќе најдат начин да се договорат. Можеби ќе се договорат за друг закуп. Враќањето ми изгледа малку веројатно.
Интер плати 8 милиони евра за заемот, а ќе плати уште 10 милиони евра за продолжување на една година. Вредноста на Лукаку ќе станува се помала и помала доколку Интер одлучи да го купи“, изјави Ди Марцио за „Sky Sport Italia“.
Лукаку летото се врати во Интер како позајмен играч од Челзи каде не се снајде според очекувањата на „сините“ од Лондон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.