Фудбалерите на Интер вечерва на свој терен победија во големото градско дерби Милано со 5:1, во четвртото коло од Серија А.

Двоен стрелец беше Хенрих Мхитарјан, кој погоди во петтата и 69. минута. Головите за Интер ги постигнаа Маркус Тирам во 38., Хакан Чалханоглу од пенал во 79. и Давиде Фратези во третата минута од судиското надополнување.Стрелец на единствениот гол за Милан беше Рафаел Леао во 57. минута.

Интер е прв со сите 12 бода, додека Милан го претрпе првиот пораз во лигата и е трет на табелата со девет бодови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.