Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец, Андрес Иниеста, потврди дека постојат мали шанси да му се приклучи на Чави Ернандез во стручниот штаб на Барселона, објави весникот „Марка“.
Иниеста и Чави беа клупски колеги во Барселона. Чави сега е тренер на каталонскиот клуб, а Иниеста настапува за јапонски Висел Кобе.
Мислам дека тоа е многу тешко. Луѓето замислуваат многу работи, бидејќи со години нè гледаа како играме заедно. Би било навистина убаво и добро, но такво нешто е многу сложено. Тој е тренер, а јас сум сè уште активен фудбалер. Тоа е тешко да се спои. Важно е Чави да ја врши својата работа и да ја врати Барселона таму каде заслужува да биде“, изјави Иниеста, кој за време на Светското првенство во Катар го посети тренинг кампот на Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.