Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги осуди денеска судирите меѓу навивачите што доведе до пролонгирање на почетокот на дуелот меѓу Бразил и Аргентина на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро во јужноамериканските квалификациите за Мундијалот 2026.
„Апсолутно нема место за насилство во фудбалот, на теренот или надвор од него. На вакви настани не им е место во нашиот спорт или општество“, напиша Инфантино на својот Инстаграм профил на англиски, шпански и португалски јазик.
Почетокот на натпреварот на „Маракана“, на кој Аргентина му го нанесе првиот пораз на Бразил на домашен терен во историјата на јужноамериканските мундијалски квалификации, доцнеше поради физичка пресметка меѓу навивачите на двете земји на една од трибините на стадионот во Рио де Женеиро.
„Без исклучоци, сите играчи, навивачи, стручните штабови и судии мораат да бидат безбедни да играат и уживаат во фудбалот, и ги повикувам надлежните органи да обезбедат овој принцип да се почитува на сите нивоа“, порача Инфантино
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.