– Фудбалерот на Лацио и италијанската репрезентација Чиро Имобиле зборуваше за критиките од навивачите.
– Критиката е дел од фудбалот и јас ја прифаќам. Меѓутоа, критиката треба да биде издржана. Не прифаќам неразумен гнев. Некои навивачи уживаат да ги критикуваат играчите без никаков основ. Што се однесува до моите настапи во репрезентацијата, не знам дали ќе продолжам. Сè уште не сум донел одлука, изјави Имобиле за „Football Italia“.
Триесет и двегодишниот Италијанец оваа сезона за Лацио на 37 натпревари постигна 30 гола и имаше четири асистенции.
Неговиот договор со римскиот клуб е до 30 јуни 2026 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.