Фудбалерот на Швајцарија Ѓердан Шакири е роден во 1991 година во Гњилане можеби никогаш во животот немаше да игра фудбал, ниту ќе можеше нормално да оди  да не биле српските лекари.

Шаќири пред 31 година излегол од утробата на мајка си со деформитет на десното стапало, поради што никогаш не би можел да има нормален живот. Сепак, за негова среќа, тој беше излечен со интервенција на белградската универзитетска детска клиника во Тирошова.

Шаќири е роден со вроден деформитет на десното стапало. Стапалото му било свртено навнатре поради немањето простор во стомакот на мајка му. Веднаш по раѓањето, од Гњилане бил испратен во Врање, а потоа во Белград во болницата „Тиршова“. Таму го лекувал  познат лекар, експерт за вакви деформитети.

Тој го применил „методот Понсети“ за малиот Џердан да не мора да оди на ризична операција на стапалото.Овој метод дури тогаш почнал да се применува. Тоа вклучува носење корективни загради пет до осум недели. Подоцна за детето се прават специјални чевли кои ги носи до тригодишна возраст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.