Неколку илјади луѓе се собраа на улиците на Манчестер за да му оддадат последна почит на еден од најдобрите фудбалери во историјата на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, сер Боби Чарлтон (87), кој почина на 21 октомври.

Чарлтон за Јунјатед одигра 758 натпревари на кои постигна 249 голови, освојувајќи го Купот на европските шампиони во 1968 година, како и три англиски титули. Во дресот на Гордиот Албион одигра 103 натпревари и постигна 49 голови, освојувајќи ја светската титула во 1968.

На комеморацијата, која ја предводеа принцот Вилијам и легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, присуствуваа 1.000 поканети, а последното испраќање на Чарлтон ќе биде во потесниот круг на семејството.

Погребната поворка мина покрај стадионот „Олд Трафорд“ и споменикот на „Големата тројка“ посветен на Чарлтон, Денис Лоу и Џорџ Бест.

Покрај фудбалот, животот на Боби Чарлтон го одбележа и авионската несреќа од февруари 1958 година, кога експедицијата на Манчестер јунаатед се враќање од натпреварот против Црвена ѕвезда во Белград во Купот на европските шампиони.

Од 44-та патници во авионската несреќа на самото место загинаа 21 лице, а двајца починаа подоцна во болница. Загинаа осум фудбалери на Јунјатед, двајца тренери и клупскиот секретар, осум новинари, двајца симпатизери на клубот и двајца членово на екипажот. Чарлтон беше меѓу оние кои ја преживеаја несреќата.

Спортската кариера ја заврши во 1978 година, обидувајќи се неколку пати во тренерската работа, а за цело време беше член на раководството на Јунјатед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.