Иван Лука Вавасори ја заврши својата кариера како професионален фудбалер порано од очекуваното реши да се вклучи во војната во Украина. Вавасори реши да ја брани Украина, иако е роден во Русија.

Се стравуваше дека 30-годишниот Вавасори е меѓу жртвите во борбите кај челичарницата во Мариупол, бидејќи со денови не се јавувал на семејството, но последните информации велат дека тој е жив.

Тој отиде во Украина во февруари и се приклучи на војската.

– Ни останаа уште неколку единици против целата армија, но сакаме да се обидеме. Најважно е да умрете добро, дури тогаш започнува животот – изјави Италијанецот.

Лука е роден 1992 година во Русија, а семејството Вавасори од Италија го посвои. Алесандра Сгарела, мајката која го посвоила почина во 2011 година од тешка болест.

Лукане може да се пофали со блескава кариера, но  бранел против Милан во 2015 година. Тој беше на голот во првото полувреме на пријателскиот натпревар против европскиот великан, а потоа бранеше за нисколигашот Алционе од Милано.Во Италија играше за неколку нисколигашки клубови – Про Патриа, Бра, Лењано и Витуоне



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.