Фудбалерот на Реал, Иско е блиску до трансфер во Бетис. Според „As“, играчот од средниот ред се договорил со клубот од Андалузија по понудата од договор 2+1 година со кој ќе заработува над 10 милиони евра годишно пред оданочување.

Покрај тоа, Шпанецот ќе добие и голем бонус. Конечната плата на Иско ќе зависи од тоа дали Бетис ќе се пласира во Лигата на шампионите.

Исто така значајни во оваа работа ќе бидат и продажбите што клубот најверојатно ќе ги оствари на лето. Така Иско би можел да стане најплатениот играч во историјата на Бетис.

Веројатно по трансферот на Иско, клубот ќе го напушти Набил Фекир, кој игра на слична позиција и има договор со плата блиска на играчот од средниот ред, кој сега настапува за Реал Мадрид.

Триесетгодишниот Иско кој летово ќе стане слободен играч, сезонава има 15 настапи за мадридскиот клуб во сите натпреварувања и постигнато два гола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.