Во натпревар со резултатски пресврти и четири голови, репрезентациите на Хрватска и Албанија одиграа нерешено 2-2 попладнево во Хамбург во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024.

Натпреварот го одбележа срамното навивање од двете страни „уби уби Србина“

Албанија во рана фаза од натпреварот го отвори резултатот со голот на Лачи во 11 минута и ја одржуваше предноста до завршните минути кога уследи целосен пресврт на Хрватска со два гола за две минути.

Најпрво Крамариќ го израмни резултатот во 74 минута, а Хрватите дојдоа и до водство со автоголот на Џасула во 76 минута.

Сепак, истиот играч беше прецизен и на спротивната страна и во петтата минута од судиското продолжение ѝ донесе голем бод на Албанија во дуелот против фаворитот Хрватска.

Второто коло во групата Б ќе го комплетираат утревечер Шпанија и актуелниот првак Италија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.