Екс селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, под чие водство Горан Пандев и другарите играа на ЕП 2020 најде нова тренерска работа, во Казахстан.
Ангеловски и официјално е назначен за нов тренер на екипата на Каспиј.
Популарниот Мрме по напуштањето на селекторската позиција, кратко време ја предводеше хрватската екипа Горица, ама поради слаби резултати беше сменет.
– Македонскиот стручњак Игор Ангеловски е назначен за нов тренер на Каспиј. Игор Ангеловски е добар стручњак кој ја предводеше македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. Му посакуваме успех на нашиот нов тренер – се вели во краткото соопштение.
Неговиот нов тим Каспиј е последнопласиран на табелата во казахстанската Прва лига по шест одиграни кола, со биланс од пет порази и само една победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.