Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ проговори за турбулентното детство, а меѓу другото ја спомена и кражбата на велосипеди која ја практикувал.
– Живеев во хаос, во предградието Малме Розенгард, кое беше познато како гето во кое живееја луѓе од Балканот. Тепачките на улица беа секојдневни. И јас се тепав, дури крадев велосипеди, слатки, а подоцна и автомобили. Да ми требаше нешто, не би одел во продавница да го купам, туку би го украл – изјавил Ибрахимовиќ за „Би-Би-Си“ пред неколку години.
Потоа призна дека можело да влезе во сериозни проблеми поради неговата забава.
– Во една прилика му украдов велосипед на поштар. И тогаш го украдов мојот велосипед од мојот тренер. Не сакав да пешачам пет километри од тренингот дома. Можеше да ме избрка од клубот, но не го направи тоа бидејќи веруваше во мене – изјави Швеѓанецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.