Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ откри дека неговите деца не смеат да користат социјални мрежи.

-Дали тие деца кога ќе пораснат ќе бидат среќни што се така разголени? Што знаат родителите? Моите деца сами ќе одлучат кога ќе успеат да ја разберат невистината што постои во светот на социјалните мрежи. Сега не можат да знаат, бидејќи за нив нема социјални мрежи. Не се работи за држење под стаклено ѕвоно, јас имам одговорност да ги водам на вистинскиот пат, а тие ќе го продолжат како што сакаат, штом можат сами да чекорат – заклучи Ибрахимовиќ



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.