Златан Ибрахимовиќ проговори за односот со неговото семејство.Тој откри оти е поблизок со мајката.

Со татко ми е исто како и секогаш, не сум близок со него колку што сум со мајка ми затоа што и двајцата сме големи егоисти. Јас сум ист како него и кога се кара со мене не сфаќа дека се кара со себе затоа што сме идентични во однесувањето. Тој ме направи тоа што сум денес.

Потоа зборуваше за неговата мајка.

– Мајка ми беше строга, повеќе ме тепаше од татко ми. Тој никогаш не го направи тоа. Со него беше доволно само да ти каже и да те погледне за да разбереш се.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.