Единаесет недели по операцијата на коленото, Златан Ибрахимович, на својот Инстаграм сподели актуелна фотографија од сопстојбата во која се наоѓаат неговите нозе.

На фотографијата може да се види дека Швеѓанецот си ги повратил мускулите на нозете, при што сосема добро се гледаат испакнатите вени.

Добрата состојба во закрепнувањето, напаѓачот на Милан ја потврдува со моментарот под сликата кој вели: „Без граници“.

Откако му помогна на Милан да ја освои Серија А минатата сезона, шведскиот напаѓач беше подложен на операција за „трајно да се реши нестабилноста на зглобот со реконструкција на предните вкрстени лигаменти, со странично засилување и поправка на менискусот“, соопштија од клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.