Мохамед Салах објави фотографија на Инстаграм со сопругата и децата пред елката и напиша „Среќен Божиќ“.

Во коментарите се појавија бројни следбеници од исламска вероисповед, кои ја навредуваа ѕвездата на Египет и Ливерпул затоа што слави христијански празник.

“Мислев дека си пример и најдобар амбасадор на твојата вера. Не го очекувавме ова, дека ќе го пцуеш Бога. Не ја продавај евтино својата вера”, “Брате муслиман, многу те сакаме, но ние сме изненадени што го славите Божиќ“, „Ги имитирате Роналдо и Меси, но запомнете дека тие се христијани. Но која е вашата вера? Тие никогаш не ја слават вашата“ и „Не срамете ја нашата религија“ се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Салах објави слични фотографии во 2021 и 2020 година и ги доби истите коментари. Објавата за оваа година има повеќе од 2,7 милиони лајкови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.