Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола соопшти дека Ерлинг Халанд се уште има здравствени проблеми.

Поради повреда здобиена на натпреварот од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд (0:0), напаѓачот пропушти два натпревари на „граѓаните“, против Лестер (1:0) и Севиља (3:1).

Норвежанецот за време на натпреварот од 15. коло на Премиер лигата влезе како резерва на 1:1, кога тимот играше со фудбалер помалку и го постигна победничкиот гол од пенал во 95. минута.

– Халанд сè уште не е во совршена состојба. Има мало оштетување на лигаментите. Сега тој не е во совршена состојба. Ајде да видиме што ќе се случи за една недела или десет дена. Ако се чувствува добро, ќе игра за Норвешка. Ваквите натпревари се важни за играчите, изјави тренерот на Манчестер Сити.

Пред паузата поврзана со Светското првенство, на Манчестер Сити му преостануваат да одиграат два натпревари. Тимот на 9 ноември ќе игра против Челзи во англискиот Лига куп, а на 12-ти ќе се сретне со Брентфорд во премиерлигашкиот натпревар.

Норвешка во ноември ќе одигра два пријателски натпревари против Ирска и Финска



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.