Клубовите од Саудиската професионална фудбалска лига (СПЛ) потрошија 957 милиони долари на нови играчи во летниот преоден рок што заврши на 7 септември, покажува анализата која денеска ја објави ревизорската куќа Дилојт.

Податоците покажуваат дека потрошувачката на саудиските клубови ја надмина потрошувачката на четири од петте најсилни европски лиги, а само Премиер лигата е пред оваа блискоисточна земја

„Ова е прв пат од 2016 година некоја друга меѓународна лига да биде пред една од петте најсилни европски лиги во парите вложени во нови засилувања, соопшти Дилојт.

Најголемиот трансфер во овој период дојде од најуспешниот клуб во Саудиска Арабија, Ал Хилал, кој потроши 90 милиони долари за да го ангажира бразилскиот репрезентативец Нејмар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.