Генерацијата 2011 од фудбалскиот клуб Кул – Кисела Вода ќе игра на завршниот турнир на најдобрите осум екипи од цела Македонија – објави Клубот на својот фејсбук профил.
Тие додаваат:
Во борбата за пласман на завршниот турнир во Детската Лига на ФФМ, нашите млади надежи во одлучувачкиот натпревар беа подобри од екипата на Карев со резултат 2:1. Јаков Савов беше играчот кој го отвори резултатот и ни донесе предност од 1:0, резултат кој беше актуелен на полувреме. Во второто полувреме падна по еден гол во двете мрежи. Посигурно водство од 2:0 ни донесе Давид Ночевски, додека Карев до крајот на дуелот успеа само да намали на 2:1, но за нив настапот во Детската лига сезонава заврши.
Заслужена победа за нашите момчиња кои беа подобри на теренот и прикажаа повеќе од противникот. Честитки до цела екипа и нивниот тренер, Мики Тодоровски. Да потсетиме дека оваа наша генерација е актуелен освојувач на бронзениот медал, но претстојниов викенд ќе атакуваме со сите сили и на златото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.