Ова е за моето семејство и за цела МАКЕДОНИЈА!, – порача стрелецот на голот во Палермо Александар Трајковски, кој вторпат во својата кариера се покажа како кобен за Италијанците.

Прво во Торино кога одигравме 1-1 во 2017-та година, но што е уште поважно и вчера во историското бараж полуфинале за пласман на СП во Катар.

Македонија го победи апсолутниот фаворит со 0-1, а херој на вечерта беше Трајковски кој постигна гол во судиското продолжение и со тоа им ја смрзна крвта на сите италијански фудбалски фанови.

Судбината посака токму Трајковски да биде херој на „Ренцо Барбера“, стадион кој нему му е многу добро познат од времето кога ги бранеше боите на Палермо во италијанската елита.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.