Фудбалерот на Манчестер сити и Норвешка, Ерлинг Халанд се повреди на тренингот на националниот тим, пренесува „АС“.
Забележано е дека 23-годишниот фудбалер предвреме ја завршил тренинг-сесијата излегувајќи од теренот со куцање.
Така, Халанд може да ги пропушти мартовските пријателски натпревари на Норвешка против Чешка (22 март) и Словачка (26 март). Под знак прашалник е и учеството на напаѓачот во натпреварот од 30. коло на англискиот шампионат против Арсенал, кој ќе се одигра на 31.
Норвешкиот фудбалер оваа сезона одигра 34 натпревари за Манчестер ити во сите натпреварувања, на кои постигна 29 голови и шест асистенции. Граѓаните во моментов го заземаат третото место во Премиер лигата со 63 бода.
Халанд за норвешката репрезентација настапува од 2019 година. За репрезентацијата на својата земја има 27 гола на 29 натпревари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.