Ерлинг Халанд,22-годишниот напаѓач на Манчестер сити и на норвешката репрезентација, потпиша договор со кој влезе во спортската историја. Не станува збор за нов договор со англискиот шампион, каде што заработува 426 илјади евра неделно, туку со познатиот американски производител на спортска опрема, „Најк“.
Халанд ќе носи копачки на „Најк“ за 22,7 милиони евра годишно во следните десет години. Англиските медиуми пишуваат дека тоа е најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот.
Со своите голгетерски бројки тој ја одбележа не само сегашноста, туку и иднината на фудбалот. Тој е наследник на најголемата „деветка“ и напаѓач на новата генерација“, се вели во објавата со која се алудира дека легендарниот Бразиелц Роналдо е идолот на Халанд.
Специјализираниот фудбалски портал, „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Халанд на 170 милиони евра.
Минатото лето Манчестер сити за неговиот трансфер издвоија 60 милиони евра. Оттогаш Халанд постигна 42 гола на 37 натпревари за Сити. Неговиот вкупен скор во професионалната кариера е 198 гола на 242 настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.