Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола проговори за победата над Реал Мадрид од 4:3, синоќа во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.

– Сите се забавуваа, сакавме да победиме со голема разлика, но 4:3 не е лош резултат. Ќе одиме во Мадрид да ја играме нашата игра. Ова е Реал Мадрид, тие имаат одлично оружје во нападот. Кога тренерот ќе го види неговиот тим како игра вака, резултатот е најмалку важен, дури и да е полуфинале од Лигата на шампионите. Дали се забавував? А кој не беше, иако резултатот 8:0 ќе беше подобар. На Јупитер и Марс тоа може да се случи, но против Реал Мадрид тоа обично не се случува, изјави Гвардиола.

Реваншот е закажан за 4 мај во Мадрид



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.