Менаџерот на Фулам, Марко Силва денеска соопшти дека Александар Митровиќ по секоја цена сака да го напушти Фулам и додаде дека се било договорено меѓу лондонскиот клуб и Ал Хилал од Ријад, каде кариерата ќе ја продолжи најдобриот стрелец на српската репрезентација на сите времиња.

Митровиќ не беше ниту на клупата на натпреварот во кој претходно денеска Фулам беше убедливо поразен на домашен терен од Брентфорд (0:3).

– Митровиќ не беше во тимот затоа што не тренираше со тимот претходните денови. Тој е на пат да го напушти клубот. Добив информација и потврда дека тој ќе замине од Фулам во Ал Хилал, бидејќи клубовите се договорија. Заврши ерата на Митровиќ во Фулам. Тој по секоја цена сакаше да го напушти клубот. Ако ме прашате дали фудбалерите треба да се однесуваат вака, не, тоа не е нормално – изјави португалскиот стручњак на прес-конференцијата по натпреварот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.