Фудбалерите на Барселона на домашен терен ја победија Севиља со 1:0 во натпреварот од 30. коло на Ла Лига, со што дојде до втората позиција на табелата.
Сепак, по натпреварот, во центарот на вниманието беше Иван Ракитиќ, кој за првпат се врати на „Камп Ноу“ каде што мина шест одлични сезони во дресот на Барселона.
Колку навивачите на Барса ценат се што хрватскиот играч за врска даде за Барселона се покажа по натпреварот кога Ракитиќ доби аплаузи од целиот стадион, а потоа отиде да ги поздрави најжестоките навивачи.
На еден од нив му го подари дресот, а потоа скоро гол го напушти стадионот бидејќи на крајот ги соблече шорцевите, а во соблекувалната отиде само во боксерки и копачки.
Ретко кој поранешен играч на Барселона добива ваков пречек на „Камп Ноу“, но ова е само показател дека Ракитиќ оставил навистина длабока трага во овој тим и дека навивачите на каталонскиот клуб знаат да го ценат тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.