Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе ја продолжи сезоната во Првата македонска фудбалска лига под водство на Горазд Михаилов, откако 49-годишниот стратег официјално е назначен за нов тренер на „црвено-црните“.

Михаилов, кој изминатите две и пол сезони го предводеше Силекс, седнува на клупата на Вардар на местото на Александар Васоски, кој замина во спротивна насока и ќе го предводи прволигашот од Кратово.

Михаилов ќе има задача да му обезбеди опстанок на Вардар, кој соочен со големи финансиски проблеми, по есенскиот дел од сезоната е на последното место со 17 бодови, три помалку од безбедната зона.

Македонското фудбалско првенство продолжува на 18 февруари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.