Македонскиот голман, Столе Димитриевски се наоѓа во Валенсија каде што се случуваат огромните поплави кои однесоа над 70 човечки жртви.

Во изјава за „Меридијан Спорт“ која ја пренесува „МКД.мк“ Столе Димитриевски ја опишува актуелната ситуација во Валенсија.

За среќа не се најдов во епицентарот, живеам на периферијата, малку надвор од градот. На безбедно сме. Нашиот дел беше погоден од голема бура и ветер, дождот исто така создаваше проблеми. Но, не заврши трагичично како во внатрешноста на градот. Соиграчите ми кажуваат дека се е под вода, се срушил и цел мост. Калта носи автомобили, вакво нешто со години не се случило во Валенсија“, изјави Димтириевски за „Мердијан Спорт“.

Вечерва Валенсија требаше да игра натпреварот во Копа дел Реј, но тој е одложен, а под знак прашалник е и натпреварот против Реал Мадрид.

Дефиитивно нема да играме во купот, додека натпреварот со Реал Мадрид е под знак прашалник. Ме побараа повеќе пријатели од Македонија и Мадрид, сите мислат на актуелната ситуација. Критично е! Изразуам сочувство на семејствата на настраданите и се надевам дека сите исчезнати ќе бидат пронајдени живи и здрави.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.