Бразилскиот офанзивен играч за врска Андре Менсалао е нов фудбалер на Шкендија, објави денеска актуелниот македонски шампион, промовирајќи го своето второ засилување за пролетниот дел од сезоната, откако претходно неделава го донесе во своите редови Михаил Маневски од штипска Брегалница.
Бразилецот Менсалао дојде во Шкендија од ерменскиот прволигаш Севан, за кој во есенската полусезона постигна шест голови на 13 натпревари.
– Среќен сум што дојдов во Тетово и Шекендија. Убаво се чувствувам во Тетово, тука сум веќе неколку денови и веќе почнав да се прилагодувам на овој град. Шкендија има многу добри фудбалери, играат брз и напаѓачки фудбал и мислам дека токму тоа ми одговара. Во текот на кариерата настапува и во родниот Бразил, а доаѓањето во Шкендија е нов предизвик за мене да ги покажам своите способности, изјави 31-годишниот Менсалао за клупскиот сајт на тетовскиот прволигаш.
Шкендија ја заврши есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига на третото место на табелата со 34 бодови, осум помалку од лидерот Шкупи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.