Голманот на Манчестер сити, Едерсон истакна дека шансите Карло Анчелоти да стане за селектор на Бразил се големи.
– Разговарав со Касемиро, Винисиус, Милитао. Ми рекоа дека е исклучителен, сите го сакаат, многу е успешен. Во блиска иднина ќе видиме дали ќе дојде или не. Секако, постои голема веројатност тој да дојде, па ќе се стремиме тоа да се случи што поскоро. Јас и Гвардиола се шегувавме и разговаравме за неговата покана во бразилската репрезентација, но Пеп рече дека нема шанси за тоа. Неодамна го продолжи договорот на две сезони и рече дека нема шанси, ги пренесува „UOL“ зборовите на голманот на Манчестер сити.
Анчелоти во моментов е тренер на Реал Мадрид, но неговата иднина во „кралскиот клуб“ е неизвесна и зависи дали ќе успее да триумфира во Лигата на шампионите и во Шпанскиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.