Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на натпреварот од 9. коло од шпанското фудбалско првенство.

„Кралевите“ го совладаа Виљареал со 2:0, но победата остана засенета од повредата на капитенот Карвахал, кој ќе отсуствува до крајот на сезоната.

Сериозна повреда на вкрстените лигаменти. Јас сум пред операција и веќе со нетрпение очекувам да почнам со закрепнувањето и да се вратам како „ѕвер“. Ви благодарам на сите за вашите пораки со поддршка, се чувствувам многу сакан, напиша Карвахал на социјалните мрежи, откако се дозна за сериозноста на повредата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daniel Carvajal (@dani.carvajal.2)

Триесет и двегодишниот Шпанец се судри со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.