Фудбалерот на Манчестер сити Кевин де Брујне ќе биде надвор од терените околу четири месеци.

 

Во натпреварот од 1. коло на Премиер лигата против Барнли (3:0), Белгиецот поради повреда го напушти теренот во 23. минута.

 

– Повредата е сериозна. Треба да одлучиме дали ќе прави операција, но тој ќе биде надвор од теренот подолго време. Одлуката ќе биде донесена во следните неколку дена. Ќе пропушти три или четири месеци, изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

 

Де Брујне во петокот го играше само вториот официјален натпревар по финалето на Лигата на шампионите 2022/23, каде беше заменет во 36. минута поради повреда на бутниот мускул



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.