Ја крие зад себе, ѝ го покрива лицето и влечејќи ја по себе за да избега од папараците, не ни забележа дека ја удри во ограда – Пике и неговата нова девојка излегоа да прошетаат низ Барселона, но тоа не помина незабележано.
Во изминатите денови, дел од шпанските медиуми пишуваа дека Клара Чиа Марти (23) се отселила од неговиот дом и дека имала анксиозни напади затоа што не можела да го поднесе притисокот од папараците и од луѓето што во јавност гласно ѝ ја пееле новата песна на Шакира и ја обвинувале за разделбата на фудбалерот и пејачката.
По објавувањето на новата песна на Шакира, поранешниот фудбалер Жерар Пике и неговата девојка ретко се појавуваа во јавност, но во понеделникот одлучија заедно да излезат и да прошетаат низ улиците на Барселона, фатени за рака.
Папарацо фотографите ги уловија Пике и Клара додека беа на прошетка низ Барселона во понеделникот, а видеото од нив масовно се споделува на социјалните мрежи.
Во видеото се гледа како Пике се обидува да ја заштити својата девојка, ѝ го крие лицето од папараците што се обидуваат да ја снимаат одблиску, а влечејќи ја за побрзо да избегаат, не ни забележа дека таа се удри во една од оградите на улицата.
Пике само се насмеа на несмасноста на неговата девојка и продолжи понатаму да оди.
Новинарот го праша Пике дали е точно дека Клара имала анксиозен напад пред само неколку дена, на што тие двајца се насмевнувнаат.
Анксиозен напад? Анксиозен напад? Да се има такво нешто е навистина сериозно, ајде ве молам“, се смее Пике во видеото.
Инаку, Пике пред извесен период ја објави првата заедничка фотографија со Клара на Инстаграм, а твитерџиите веднаш почнаа да коментираат дека тој платил за неговата девојка да направи естетска процедура за зголемување на усните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.