Поранешниот фудбалер на ПСЖ и Реал Мадрид, Серхио Рамос би можел да премине во Галатасарај. Сега тој е слободен агент.
Според АС, клубот од Истанбул на 37-годишниот фудбалер му нуди двегодишен договор вреден 5,5 милиони евра годишно.
Претходно претседателот на Севилја, Хозе Кастро изјави дека не сака Рамос да се врати во клубот.
За неговиот последен клуб, ПСЖ, дефанзивецот забележа 58 настапи за две години, постигнувајќи шест гола и една асистенција. Пред тоа, Шпанецот играше во Реал Мадрид од 2005 до 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.