Фудбалската федерација на Македонија денес преку „Мк Тикетс“ започна со продажба на билети за натпреварите на македонската А репрезентација против Финска и Азербејџан.

Влезниците се продаваат по цена од 150 денари за северната трибина и за јужната трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200 денари за централните блокови 3 и 4 од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има поради технички причини.

Натпреварот се Финска ќе се игра на 17 ноември со почеток во 18 часот, со Азербејџан на 20 ноември од 14 часот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.