Германската полиција застрела маж кој се обидел да ги нападне минувачите со секира во Хамбург, инцидентот се случил во близина на навивачката зоната каде има околу 40.000 холандски навивачи.
Според германскиот весник Билд, напаѓачот им се придружил на толпата и ги нападнал навивачите и обезбедувањето.
Во Хамбург од 15 часот се игра натпревар од Европското фудбалско првенство помеѓу Холандија и Полска.
Локалните медиуми објавија дека полицијата употребила бибер спреј против напаѓачите пред да пука. Еден полицаец прво испукал предупредувачки истрел, а потоа неколку други истрели биле испукани кон напаѓачот, кој паднал на земја. Напаѓачот е тешко повреден и му е укажана лекарска помош.
Полицијата соопшти дека напаѓачот имал и запаливо средство, најверојатно некаков молотов коктел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.