Фудбалерките на Германија се пласираа во полуфиналето на Европското пренство во женска конкуренција што се игра во Англија, откако во четврт-финалето ја совладаа Австрија со 2-0 (1-0).
Головите за Германија ги постигнаа Лина Магул во 25. минута и Александра Поп (89).
Германија во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Франција и Холандија.
Во средата пласман меѓу четирите најдобри репрезентации на ЕУРО2022 избори и домаќинот Англија со триумфот од 2-1 над Шпанија и во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналната пресметка меѓу Шведска и Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.