Сопственикот на Интер, Стивен Џан, им го исплати на фудбалерите на италијанскиот тим првиот бонус оваа сезона, како награда за добрите настапи во групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ) и пласманот во осминафиналето, јавија денеска локалните медиуми.
Интер обезбеди пласман во нокаут фазата во елитното натпреварување, откако по воведните четири кола освои десет бодови, колку што има и првопласираниот Реал Сосиедад во групата Д.
Весникот „Газета дело спорт“ објави дека сопственикот на Интер телефонски разговарал со играчите по триумфот против Салцбург (1-0) во средата вечер за да им го честита пласманот во осминафиналето и да ги награди со бонус од два милиони евра за првиот голем успех оваа сезона.
Тренерот Симоне Инзаги е награден и за добрата ротација во тимот што, според Џан, придонело фудбалерите да се подготвени и за натпреварите во италијанското првенство.
Интер е лидер во Серија А по 11. кола со 28. бодови, два повеќе од второпласираниот Јувентус и шест повеќе од градскиот ривал Милан на третото место
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.